Русија се повлече од мировните преговори со Јапонија и ги замрзна заедничките економски проекти

Од:

Русија се повлече од мировните преговори со Јапонија и ги замрзна заедничките економски проекти околу спорните Курилски Oстрови поради санкциите што и ги воведе Токио поради Украина, што предизвика реакција од Јапонија.

Русија и Јапонија се уште официјално не ги завршиле непријателствата од Втората светска војна поради конфликтот околу островите познати во Русија како Курилски Острови и во Јапонија како Северна територија. Островите беа окупирани од Советите на крајот на Втората светска војна.

„Во сегашните околности, Русија нема намера да ги продолжи преговорите со Јапонија за мировен договор“, соопшти руското Министерство за надворешни работи, наведувајќи ги „отворено непријателските ставови“ на Јапонија и обидите да се „наштети на интересите на земјата“.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида рече дека силно се спротивставува на одлуката на Русија, нарекувајќи ја „неправедна“ и „целосно неприфатлива“.

Минатата недела Јапонија ги објави плановите за укинување на трговскиот статус на најповолна нација на Русија, проширување на опсегот на замрзнување на имотот на руската елита и забрана за увоз на одредени производи.

Лани, претседателот Владимир Путин рече дека и Токио и Москва сакаат добри односи и дека е апсурдно што не постигнале мировен договор.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади