Забавниот парк „Дизниленд“ во Шангај привремено ќе биде затворен за посетители поради пандемијата на коронавирусот во Кина.
„Поради моменталната ситуација со пандемијата, „Дизниленд ризорт“ што ги опфаќа „Шангај Дизниленд“, „Дизнитаун“ и „Вишинг стар парк“ ќе бидат привремено затворени од утре“, се наведува во соопштението објавено синоќа.
Забавниот парк се затвара на неодредено време, а управата на комплексот најавуваат дека ќе ја следат ситуацијата и ќе дејствуваат согласно препораките и согласно консултациите со локалните власти.
Извор: МИА