САД ја поздравија новата албанска Влада и поголемата вклученост на жените во него

Од:

САД ја поздравија новата албанска Влада на премиерот Еди Рама, истакнувајќи го изборот на поголем број жени на министерски функции, пишуваат албанските весници.

Во соопштението на американската Амбасада во Тирана се наведува дека Вашингтон очекува со задоволство да соработува со новиот министерски совет, имајќи во предвид дека голем број од членовите на Кабинетот добиле професионално и образовно искуство во САД.

Учеството на жени министри во Владата е позитивен чекор за поголема полова еднаквост во политичкото раководство на Албанија и американската амбасада во Тирана очекува да соработува со голем број членови, кои имаат професионални и образовни квалификации стекнати во САД, за спроведување на прореформската програма и остварување на целите на

Албанија за поголема евроатлантска интеграција, се вели во соопштението на американската амбасада.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски