Русија потврди дека важен командант на војската е убиен во Мариупол

Од:

Руски официјални лица потврдија дека заменик-командантот на руската Црноморска флота, капетанот од 1. ранг Андреј Палиј, загинал во борбите во Мариупол.

Претходно Украина тврдеше дека го убила рускиот командант во градот Мариупол, кој е целосно под опсада и каде во моментов се водат најтешките борби.

Смртта на Палиј првично ја потврди секретарот на Поморскиот колеџ Нахимов, Константин Царенко на социјалната мрежа Вконтакте.

Подоцна, руски претставник од Севастопол, базата на Црноморската флота на Крим, истакна дека „Севастопол претрпе тешка, непоправлива загуба… Палиј загина во борбите за ослободување на Мариупол од нацистите“.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски