Шесте точки околу кои преговараат Украина и Русија

Од:

Русија и Украина се приближуваат до договор за „клучните“ прашања, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, додавајќи дека се надева дека ќе се постигне примирје доколку двете страни не се откажат од досегашниот напредок.

Чавушоглу, кој минатата недела отпатува и во Русија и во Украина за да разговара со своите колеги Сергеј Лавров и Дмитриј Кулеб, за турскиот весник Хуриет изјави дека има „приближување на позициите на двете страни за клучните теми“.

„Можеме да кажеме дека се надеваме на примирје доколку страните не повлечат чекор назад од сегашните позиции“, рече Чавушоглу без дополнително објаснување.

Би-би-си наведува шест точки за кои се преговара.

Тоа се:

– неутралност на Украина
– гаранции за разоружување и безбедност
– таканаречената „денацификација“ на Украина
– отстранување на пречките за употреба на рускиот јазик во Украина
– статусот на отцепениот регион Донбас
– статусотот на Крим, кој беше припоен кон Русија во 2014 година.

Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин за телевизијата Ал Џезира изјави дека двете страни се приближуваат по четири клучни прашања. Тој го наведе барањето на Русија Украина да се откаже од амбициите за влез во НАТО, демилитаризацијата, потоа она што Русија го нарекува „денацификација“ и заштитата на рускиот јазик во Украина.

Украина и Западот ги отфрлија руските обвинувања за „неонацисти“ во демократски избраната украинска влада како неоснована пропаганда, а Калин рече дека таквите обвинувања се навредливи за Киев.

И покрај обвинувањата од двете страни за одолговлекување, Киев и Москва напредуваа во разговорите минатата недела за решение што ќе ја гарантира безбедноста на Украина, но надвор од НАТО.

Калин рече дека трајно примирје може да се постигне само преку средба меѓу Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Но, тој додаде дека Путин верува дека позициите за „стратешките прашања“ на Крим и Донбас не се доволно блиски за да се договори средба.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски