ВИДЕО: Пронајдени, кокаин, екстази, марихуана, приведени лица, акциска контрола во угостителски објекти во Скопје

Од:

Вчера вечер полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија во содејство со Единицата за интервентна полиција постапувајќи по акциски план за спречување на кривични дела по чл. 215 и 216 од КЗ на РСМ на подрачје на град Скопје извршија контрола во два угостителски објекта, при што е извршен преглед над дeсетина лица, од кои кај две лица е пронајдена марихуана. Лицата се лишени од слобода и против нив ке бидат поднесени соодветни кривични пријави, информираше портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

– По дополнителни оперативни проверки од страна на полициските службеници добиени се дополнителни сознанија, по што, со обезбедена судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории во Скопје, каде се пронајдени 10 паковки кокаин, 115 таблети екстази, една паковка прашкаста материја, вага и нож. Од слобода е лишен 23-годишниот Д.А од Кратово и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ на РСМ. Засилени контроли продолжуваат и во наредниот период, рече Андреевски.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

„Политико“: Белгија се претвори во нарко-држава