Украинскиот претседател Зеленски изјави дека руската опсада на пристанишниот град Мариупол е терор што ќе се памети со векови, пренесува Ројтерс.
Во видеото објавено синоќа, Зеленски рече дека опсадата на Мариупол ќе влезе во историјата на одговорност за воени злосторства.
„Да се направи тоа на мирен град… е терор што ќе се памети со векови што доаѓаат“, додаде тој.
Сепак, рече тој, потребни се мировни преговори со Русија, иако тие не се лесни и пријатни.
Во Мариупол повеќе од две недели се заробени околу 400.000 луѓе. Руските сили интензивно и постојано го бомбардираат градот, а населението во многу делови од градот нема струја, греење и вода.
Спасувачите сè уште трагаат по преживеани во театарот во Мариупол, за кој локалните власти велат дека е срамнет со земја со руските воздушни напади во средата. Русија негира дека погодила театар или цели на цивили. Пред театарот на руски бил испишан зборот деца, тврдат Украинците.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили го стегаат обрачот околу Мариупол и дека улични борби се водат во центарот на градот.