Србија втора, Летонија трета на турнир во Цеље

Од:

Две од репрезентациите кои ќе бидат ривали на Македонија на Европското првенство во групата во Јесенице, синоќа го завршија настапот на турнирот во Цеље.

Репрезентацијата на Србија го освои второто место, додека Летонија е трета.

Во рамките на последното 3. коло Србија ја победи Летонија со 67:54, а најефиксен на натпреварот беше капитенот на Србија Ненад Крстиќ со 20 поени.

На турнирот Србија постигна победа (78:63) и против Турција, додека Летонците ја совладаа само Турција (66:61).

Првото место со максимални три победи го освои домаќинот на Европското првенство Словенија, која синоќа во последниот натпревар ја победи Турција со 72:53.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос