Египетските воени власти одбија посета на Газа на турскиот премиер Ердоган

Од:

Новите власти во Египет нема да дозволат турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган да го посети Појасот Газа. Според египетските медиуми властите ја информирале Анкара дека ваквата одлука се должи на поддршката на Ердоган за Муслиманските браќа.

Посетата на турскиот премиер на Појасот Газа била договорена за време на управувањето на претседателот Мохамед Морси, кој беше соборен од армијата на 3. јуни по народните протести против власта на исламистите.

По соборувањето на Морси, Анкара направи остри критики против египетската армија и го оцени како незаконско отстранувањето на претседателот Морси.

Турскиот премиер би можел да влезе во Газа само од египетска територија.

Би можело да ве интересира

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата