Некои амбасади и конзулати на САД во земјите на Блискиот Исток, кои беа затворени вчера по заканите од Ал Каеда, нема да работат до 10. август, но како мерка на претпазливост, а не поради нови закани, објави американскиот Стејт департмент.
Дел од затворените американски дипломатски претставништва, меѓу кои во Кабул, Багдад и Алжир, денеска се очекува да продолжат со работа, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Американскиот Стејт департмент од вчера ги затвори амбасадите и конзулатите на САД во Авганистан, Алжир, Бахреин, Бангладеш, Џибути, Египет, Израел, Ирак, Јордан, Кувајт, Либија, Мавританија, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Судан, Јемен и Обединети Арапски Емирати (ОАЕ), поради добиени информации дека терористичката мрежа Ал Каеда би можела да нападне американски или западни цели на Блискиот Исток или во северна Африка.