Парламентарните избори во Австралија ќе се одржат на 7 септември

Од:

Австралискиот премиер Кевин Рад ги распиша денеска парламентарните избори за 7 септември, на кои за Сенатот во австралиската држава Викторија ќе се кандидира и основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж. 


Премиерот го објави датумот на изборите во електронска пошта која им ја испрати на приврзаниците.


Рад стана премиер пред шест недели кога поранешната премиерка Џулија Гилард е сменета на партиските избори.


Популарноста на Рад, кого неговата партија го смени од премиерската функција во 2010 година, се зголеми откако се врати, но конзервативниот опозициски лидер Тони Ебот и понатаму е фаворит за победа на изборите.


Од вкупно 150 пратенички места во Парламентот, Владата моментално има 71 пратеник, опозицијата 72, Зелените еден, а шестмина пратеници се независни.


Во меѓувреме, 42-годишниот Асанж изјави дека е горд на поддршката која ја ужива во Австралија само неколку недели пред изборите.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски