Морси може да биде ослободен ако се согласи да ја напушти земјата

Од:

Сменетиот египетски претседател Мохамед Морси би можел да биде ослободен, доколку се согласи да ја напушти земјата, тврди лондонскиот весник „Сандеј тајмс“, повикувајќи се на разгледуваниот компромисен план за излез од политичката криза од страна на водечките политички сили.


Според британските медиуми, планот е разработен со учество на САД и ЕУ, а негови гаранти се Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.


Се претпоставува дека тајната локација каде што се држи Морси во притвор е воена база, оддалечена еден час од Каиро.


Разгледуваниот план, исто така, предвидувал и прекин на протестите на приврзаниците на Морси и некакви олеснителни околности за движењето „Муслиманско братство“.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро