„Мета“ отстрани лажно видео каде Зеленски повикува на капитулација

Од:

Службата за безбедносни протоколи на „Мета“, компанијата што е сопственик на платформите „Инстаграм“ и „Фејсбук“, соопшти дека била забележана и избришана лажна видео-порака во која украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ги повикува украинските војници на капитулација.

Лажното видео најверојатно е направено со помош на т.н. „дип фејк“ технологија што доколку биде потврдено ќе биде првиот таков инцидент од почетокот на воените дејствија во Украина.

„Наша екипа идентификуваше и отстрани „дип фејк“ видео кое го прикажува претседателот Зеленски како објавува изјава што никогаш не ја дал. Се појави на компромитирана мрежна станица и се прошири низ Интернет“ објави на Твитер, Натаниел Глејшер, одговорниот за безбедноста во „Мета“.

Тој додава дека видеото било прегледано и за брзо време отстрането бидејќи го прекршува правилникот на компанијата против објавување видеа на заговор и манипулации, појави за кои веќе се предупредени и останатите социјални платформи.

Се е поголема загриженоста за употреба на „дип фејк“ технологијата за манипулативни активности и влијание врз јавното мнение. Иако самото видео не се очекува да има некое поголемо влијание, би можело да биде показател на она што се почесто може да се случува во иднина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Зеленски: Украина нема доволно сила

Зеленски: Кој ќе и помага на Русија ќе му се одзема се

Зеленски го претстави Планот за стабилност од 10 точки: Нема да се откажеме од правото на територија

А1он

Зеленски: Шолц ја отвори „Пандорината кутија“

Горан Наумовски

Војната ќе „заврши побрзо“ со Трамп како претседател, вели Зеленски