Џинот Валуев им се закани на „предавниците“ кои ќе се откажат од Русија

Од:

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, а сега пратеник во руската Дума, Николај Валуев не очекува многу руски спортисти да се откажат од националноста за да можат да учествуваат на спортските натпреварувања, но ги предупреди тие кои ќе станат „предавници“.

По руската инвазија на Украина, повеќето спортски интернационални федерации или целосно ги исклучија руските и белоруските спортисти, или ги примораа да се натпреваруваат како неутрални.

„Не верувам дека има масовна промена на државјанството од руските спортисти по суспензиите. Во моментов менување на спортско државјанство е вистинско предавство и затоа малкумина ќе се осмелат да го направат тоа. Инаку, сите одлуки за исклучувањето на руските спортисти се апсолутно нелегални“, вели Валуев.

48-годишниот Валуев, кој инаку е висок 213 сантиметри, двапати беше ВБА шампион во тешка категорија од 2006 до 2009, пред да се повлече во 2009 по вториот пораз во кариерата од Британецот Дејвид Хеј.

Би можело да ве интересира

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Русија: Не може да го прифатиме сегашниот мировен договор на претседателот Трамп

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск