Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро и Американецот Џон Изнер ќе играат во финалето на АТП турнирот во Вашингтон кој е со награден фонд од еден и пол милион долари.
Ноќеска по полноќ Аргентинецот во втрото полуфиналето го совлада Томи Хас (Германија) со 7:6(4) и 6:3.
Претходно, Изнер во првиот полуфинален дул беше поуспешен од Дмитриј Турсунов (Русија) со 2:1 (6:7; 6:3 и 6:4).
На женскиот дел од турнирот место во завршниот меч обезбедија Магдалена Рибарикова (Словачка) и Андреа Петковиќ (Германија).
Рибарикова во полуфиналето ја победи Екатерина Макарова (Русија) со 6:2 и 6:0, додека Германката беше поуспешна од Ализ Корне (Франција) со 7:5 и 6:3.
Машкото финале започнува вечерва во 21 часот по македонско време, дамите ќе стартуваат два часа и 15 минути подоцна (23:15 часот).