Жан Кастекс најавува нови мерки за помош на претпријатијата и домаќинствата соочени со кризата предизвикана од војната во Украина

Од:

Премиерот на француската влада, Жан Кастекс го објави „планот за отпорност“ за „заштита на домаќинствата и претпријатијата од непосредните последици од шокот“ предизвикан од војната во Украина и нејзините импликации за растот на цените на стоките и енергијата, јави дописникот на МИА.

Премиерот потсети дека од 1 април и за период од четири месеци, ќе има попуст на гориво од 15 центи по литар за „сите Французи, поединци и професионалци“. Оваа мерка ќе се прошири и на природниот гас за возила, најави министерот за економија Бруно Ле Мер, кој зборуваше по премиерот. Тој ги повика нафтените компании да вложат дополнителни напори за да ги намалат цените на пумпата.

За компаниите, ќе се додели нова помош за оние чии трошоци за гас и електрична енергија претставуваат „најмалку 3 отсто од нивниот промет“. Оваа помош ќе биде распределена без услов за големината или секторот и „ќе овозможи управување со половина од вишокот на нивната енергетска потрошувачка“, прецизира премиерот.

Ќе се зајакнат и три системи кои се веќе поставени од почетокот на кризата „Ковид-19“. Плафонот за задолжување за заемот што го гарантира државата се зголемува на 35 отсто од прометот, наместо на 25 отсто денес. Одложувањата на даноците и социјалните давачки ќе бидат „олеснете за компаниите погодени од зголемените цени на енергијата или извозните ограничувања“. Конечно, употребата на долгорочна делумна активност е „продолжена за дванаесет дополнителни месеци за веќе потпишаните договори“, објасни Жан Кастекс, додавајќи дека компаниите што не се опфатени со овој систем би можеле „да потпишат договори до крајот на „2022 година“.

Премиерот потоа најави низа мерки за рибарите, земјоделците, транспортните компании, градежните компании и компаниите извозници. За рибарите, владата до 31 јули ќе обезбеди „финансиска помош еквивалентна на 35 центи за литар рибарски дизел“. За земјоделците, а особено за одгледувачите, многу погодени од порастот на цените на добиточната храна. Планиран е плик од 400 милиони евра за „преодна помош од четири месеци“ која „ќе ги надомести загубите“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности