САД: Резултатите од изборите не ја претставуваат волјата на народот на Зимбабве

Од:

САД соопштија дека резултатите според кои актуелниот претседател на Зимбабве Роберт Мугабе победил на изборите „не се уверливи“, додавајќи дека целиот изборен процес бил неправилен.

– САД не веруваат дека овие резултати ја претставуваат вистинската волја на народот на Зимбабве, се наведува во изјавата на американскиот државен секретар Џон Кери.

Според податоците на изборната комисија на Зимбабве, 89-годишниот Мугабе победил на изборите со 61 отсто од гласовите, наспроти 34 проценти за неговиот противкандидат, премиерот Морган Цвангираи, кој ги оцени резултатите како „фарса и неважечки“ и најави дека ќе ги оспори на суд.

ЕУ, исто така, вчера изрази загриженост во врска со наводните неправилности и недостигт на транспарентност на изборите во Зимбабве, што досега претставува најостра критика на Унијата кога станува збор за избори во оваа африканска земја.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас