„Алфи“ во јули привеле 260 лица

Од:

Единицата за борба против криминалот во јули при вршење на редовна мотопатролна дејност, вкупно извршила легитимирање на 774 лица, извршен преглед на вкупно 88 патнички моторни возила, а по разни основи приведени се вкупно 260 лица.

Како што денеска соопшти МВР, по основ на телеграма 39 лица, потраги, гласник, наредба од Основен суд 28, под сомнение за извршено кривично дело 38 лица, по извршено кривично дело 21, на лице место во вршење на кривични дела 11, за издржување казна затвор 8 лица, утврдување на идентитет на 3, странски државјани со нерегулиран престој едно лице и недозволени предмети 3.

Вкупно приведени лица по јавен ред и мир се 20 лица и тоа за учество во тепачка 2, за физички напад 8, за омаловажување на полициски службеник 8 лица и за нарушен јавен ред и мир 2 лица.
Шест лица се приведени со оружје, а за поседување опојни дроги 43 лица.

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп