Адвокатот на Јовановски тврди дека се невини: Ај вие со измама земете му на Силјан Мицевски пари, да видиме дали ќе ги добиете

Од:

Бојан Јовановски-Боки 13, неговиот татко Миле Јовановски и асистентката Христина Блажевска се невини, посочи неговиот адвокат Сашко Дуковски пред судот. Тој рече дека има договор помеѓу ‘Меѓународен сојуз’ кој бил склучен со две фирми, а Обвинителството сака да посочи дека тој е направен за да биде направена измама и додаде: „Јас такво нешто немам видено“. Дуковски кажа дека договорот е граѓанско-правен однос, а за негово неисполнување не може да се одговара кривично. Дециден е дека се неточни обвинувањата дека станува збор за измислен проект, посочувајќи за одржани состаноци, ангажирани професори и асистенти од факултет, потпишани договори: „Тврдам дека нема ‘и’ од измама, а не пак, перење пари“. Адвокатот рече: „Наместо да бидат општествено наградени, тие се обвинети

„Обвинението претставува законски недозволена компилација на правни наводи, со цел, ако се нафрлат повеќе факти, тогаш да се смета дека обвинетите го извршиле кривичното дело. Прво се вели дека Бојан Јовановски ги искористил документите на ‘Меѓународен сојуз’, па потоа, како физичко лице ги врши измамите. Или е едно или е друго. Не може дејствието да биде стави се што сметаш, па нешто ќе помине. Мене не ми е јасна една работа, зошто во ниту еден момент не беа споменати двата договори склучени со ‘Пелистер’ и ‘Дрим билдинг’, а мораа да бидат споменати. Ова е веројатно прв случај во историјата за ваква наводна измама, а прв е затоа што не може да има ваква измама“, посочи Сашо Дуковски.

Тој додаде дека скоро секој во државава го познава стопанственикот Силјан Мицевски, па посочи: „Бојан го измамил Силјан? Бојан? Кој може да ме убеди во тоа? А немал ни таква намера. Треба да имате докази за тоа, а не да кажувате имало средби, присуствувале други. Да добиел пренамена на земјиштето, сега таму ќе имаше објект за стари лица“. Дуковски додава: „Нека се обиде било кој од нас да му побара на Силјан Мицевски 70.000 денари, а не 700.000, па да видиме дали ќе ги добие“.

„Ардијан Амзоски не е ништо повеќе од полномошник во 2017 година на ‘Дрим билдинг’ и не може да биде оштетен. Кој е оштетен Силјан Мицевски или „Пелистер“? Не знам дали Силјан е оштетен или сведок, а третиран е како сведок. Како тоа е Силјан Мицевски измамен од страна на Бојан Јовановски кога тој на расправа пред овој суд на 29.04. 2021 година наведува дека прочитал во дневна нова за овој проект и затоа пристапил и стапил во контакт со Меѓународен сојуз, се со цел да се остварат тие проекти кои што се однесуваат на Меѓународниот сојуз а тоа е изградбата на дом за стари лица. Од кога овој сведок почувствува дека е измамен? Дали почувствува во моментот кога даваше исказ пред Обвинителството во својство на граѓанин кој дава известие? Па и тогаш, а и надвор, наведе дека не се чувствува измамен и дека верува во тој проект. И одеднаш се поставува измамен откако доби финансова контрола и беше под наводници да поднесе кривична пријава за измама. Судот не го прифати тој доказ за да се утврди тоа“, додаде Дуковски.

Нему не му е јасно како Агапи Дика, претседател на Собранието на „Меѓународен сојуз“ може да биде сведок, а не обвинет, иако ги потпишувала сите одлуки на здружението, со вака поставено обвинение: „Не ми е јасно ако е ваква состојбата, како Дика и Кухар не се обвинети“.

„За овој договор со ‘Пелистер’ има повеќе акциски планови, а и самиот Силјан Мицевски биле ангажирани стручни лица, а од ‘Меѓународен сојуз’ биле ангажирани професори и асистенти од Градежниот факултет. Значи имате разговори, договори, акциски планови – но не, не е доволно, Бојан измамил.

„Лилјана Тодоровска лаже, беше откриена на неколку пати при директно испитување! Не може да му се верува на такво сведочење! Таа жена прима на сметката каде е единствен потписник, износ од 719.000 евра во денари и во врска со тој факт, на мои прашања велеше: ‘Јас не видов кому и кој ги пратил парите’. Тие пари, јас ќе се согласам со обвинителот за една работа, тие пари се легални. Е сега не ми е јасно како тие исти средства кои биле легални, а биле префрлени според договорот, сега се трансформираат во измама? Кога ќе го прочитате записникот ќе видите дека дава одбрана, бидејќи беше уплашена. Истото го правеше и сведокот Кухар“, праша Дуковски.

Нему не ми е јасно како без доказ е посочено и прифатено дека некој и ги земал 719.000 евра од Лилјана Тодоровска која била автор на проектот, особено што таа кажала дека дејствието се случило во банка, среде град.

„Барем една снимка да имаше од надзорна камера. Не може вакво тврдење без никаков доказ. Тоа значи дека можеше да каже дека и од мене ги земала парите“, кажа Дуковски.

Тој цитираше и одредби од договорите со кои вели дека Обвинителството кажува дека е направена измама. Според тоа, за неисполнување на договорот се предвидени плаќање на пенали.

„Се поставува прашањето каква е измамата? Во што се состои доведувањето во заблуда? Од чист облигационен однос правиме измама, а покрај тоа и перење пари, кое е омилено кривично дело на Обвинителството за гонење на организиран криминал“, праша Дуковски посочувајќи дека имало состаноци, стручни лица.

Прв човек на Меѓународен сојуз по функција е Агапи Дика, бидејќи е претседател на Собрание кој избира претседател на правното лице, односно го избира Бојан Јовановски, рече Дуковски на кого не му е јасно како Јовановски е обвинет, а Дика е сведок против него.

За асистенката Христина Блажевска кажа дека не е докажано дека му дала пари на Бојан Јовановски, ниту пак, дека била во банка со Лилјана Тородовска за да и ги земе парите кои ги извадила од сметката.

„Во Америка да се случувало за ова, за тој паричен износ, Лилјана Тодоровска би пријавила. Ако има навистина таков настан сигурно таа би реагирала, Комерцијална банка има обезбедување би реагирало. Блажевска не смее да биде обвинета. Каде е доказот за помагањето?“, објасни Дуковски.

Во врска со Миле Јовановски, адвокатот Дуковски кажа дека докажале дека не перел пари, туку истите му се од продадени два станови и дуќан: „Доставивме доказ за потекло на парите. Доставивме решение за денационализација и најважно се имотните листови во однос на семејното земјиште во Препа каде се занимаваат со одгледување на јаболка. Тој продавал на сите пазари, во Македонија и Србија. Не е доволно да речете дека е без призводи“.

Бизнисмените Ардијан Амзовски и Силјан Мицевски во својство на оштетени странки пред судот во „Меѓународен сојуз“ каде и сведочеа, си ги бараат парите кои ги дале за изградба на старечки домови. На рочиштето каде се даваат завршни зборови, во нивно име, зборуваа адвокати кои добија полномошно да ги застапуваат.

„Се приклучувам кон кривичниот прогон, пред јавувам отштетно побарување. Пред јавувам и трошоци, рече Маја Дојчиновска, адвокатка на Силјан Мицевски кој е управител на ‘Пелистер’“.

И адвокатката за која судијката кажа дека е полномошник на Ардијан Амзовски најави дека си бараат оштета од обвинетите

„Како полномошник на Ардијан Амзовски, останувам кон истакнатото побарување како и кон обвинителниот акт. Пред јавувам трошоци во постапката“, рече адвокатката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боки 13 во „Меѓународен сојуз“: Измамник не враќа пари, бара земјиште, склучува договори – не сум виновен

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Ременски негира вина во „Меѓународен сојуз“, ја обвини обвинителката Трајчева за злоупотреба на службената положба

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) „Меѓународен сојуз“: Пеливанов побара Боки 13, Ременски, Ерцеговиќ и остантите да бидат осудени

Кристијан Ландов

Што кријат пораките на Боки 13 со осум високи функционери, судијката треба да одлучи дали ќе се читаат

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тензично судење за „Меѓународен сојуз”, расправии помеѓу Боки 13 и судијката за пораките од телефонот

Кристијан Ландов

Боки 13 бара да ја разрешат судијката: Му ја коментирала облеката, била хистерична, врескала, го мразела

Кристијан Ландов