ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Од:

Тепачка избила во „КАМ“ маркет кој се наоѓа во Дебар маало, помеѓу вработен и купувач. На снимката до која дојде „А1он“ се гледа како купувачот му се нафрла на вработениот, а негови колешки, се обидуваат да го оттргнат. Се слуша и звук на силен удар, пискање и извици „Не, не“ . Дел од останатите потрошувачи, панично се повлекуваат подалеку од местото каде се случува инцидентот. Случајот е пријавен и во полиција.

Според пријавата во МВР, касиер бил нападнат бидејќи на купувачот му кажал да стави заштитна маска, како што налагаат и мерките за заштита од ширење на коронавирус. Сѐ се случило во нешто пред 17 часот, а е пријавено, по затворање на маркетот во 22 часот.

„В.П.(22) од Скопје пријавил дека околу 16.50 часот додека ги извршувал своите работни активости како касиер во маркет на подрачјето на Центар влегло маж на возраст од околу 30 години без заштитна маска да пазари и од страна на неговата колешка му било укажано да стави заштитна маска поради запазување на здравствените протоколи. Тогаш лицето станало агресивно и физички ги нападнало“, велат од МВР за „А1он“.

Оттаму посочуваат дека се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он