(ВИДЕО) Зеленски: Ги поканувам сите пријатели на Украина да го посетат Киев, иако е опасно

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по полноќ се обрати на Телеграм и ги покани сите пријатели на Украина да го посетат Киев, иако, како што рече, „тоа е опасно, бидејќи НАТО не прогласи зона на забранети летови над Украина“.

„Ги поканувам сите пријатели на Украина да го посетат Киев. Овде може да биде опасно, бидејќи нашето небо се уште не е затворено за руски проектили и авиони. Одлуката за зајакнување на нашиот арсенал во воздухот се уште не е донесена. Не добивме авиони. Но, очите на сите луѓе во светот сега се вперени во нашиот главен град, во Украинците. Сите кои се сега со нас ќе почувствуваат благодарност. Не само од нас, туку и благодарност од другите народи“, објави Зеленски на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Зеленски до Собранието достави предлог закон за продолжување на мобилизацијата

Русија: Америка активно бара замена за Зеленски

Ритер: Режимот на Зеленски ќе исчезне

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ