Поранешниот прв пик на драфтот, 25-годишниот Грег Оден кој заради проблеми со повредите не играше повеќе од три и пол години, ја прифати понудата да настапува за шампионот Мајами Хит.
2007 година на драфтот беше избран од Портланд, но заради повреди на колената 213 сантиметри високиот кошаркар во НБА играта заигра дури во сезоната 2008/09.
Проблемите со двете колена продолжија, па така во првата сезона одигра 61 натпревар, а во втората само 21 меч. Последен пат на паркетот се појави на 5. декември 2009. година по што заврши на уште една операција.
Шампионот сакаше да ја исполни центарската позиција и реши да ризикува со Оден, со кого ќе потпише едногодишен договор со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.