Утринава обраќајќи им се во живо на западните лидери, украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на поголема поддршка – и предупреди дека Русија би можела да цели на други делови од Европа.
„Сè уште можеме да ја запреме руската воена машина, сè уште можеме да престанеме да убиваме луѓе“, рече тој, тврдејќи дека би било „полесно да го направиме тоа заедно“. „Затоа што во спротивно, тие ќе дојдат кај вас“, рече тој.
Тој додаде дека ако Европа сега не заземе став, Русија ќе ги таргетира другите европски земји. „Сите ние сме мети на Русија…помогни си со тоа што ни помагаш“, рече тој.