Наградниот фонд на УС Опен 34.3 милиони долари

Од:

Организаторите на четвртиот Гренд Слем турнир УС Опен, кој ќе се одржи од 26 август до 9 септември, се пофалија дека оваа година ќе дадат вкупно 34.3 милиони долари, што се случува за прв пат во историјата на престижното натпреварување.

На тој начин наградниот фонд се зголемува за цели 37%, во споредба со минатата година, кога натпреварувачите си поделија точно 25.5 милиони долари.

Рекордот на Гренд Слем турнирите по овој индикатор го држи Вимблдон, каде што се поделија 26,4 милиони евра пред неколку недели.

Од Њујорк сепак ветија дека до 2017 година наградниот фонд ќе се искачи до импресивни 50 милиони долари.

Генерално се забележува голем пораст на премиите во сите Гренд Слем турнири. Само оваа година во Австралија, Париз, Лондон и Њујорк ќе се поделат 20 милиони евра повеќе во споредба со минатата сезона.

Вкупниот награден фонд за Австралија Опен, Ролан Гарос, Вимблдон и УС Опен достигнува приближно 100 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ