Тунески: Поскапувањето на струјата ќе биде генератор за инфлација

Од:

СДСМ реагираше на најавите за поскапување на струјата и предупреди дека тоа ќе биде уште еден удар врз џепот на граѓаните.

Според Атансако Тунески од СДСМ , поради недостаток од инвестиции во гасификацијата, струјата претставува основен енергенс и нејзиното поскапување ќе предизвика понатамошно зголемување на цените на основните продукти.

„Сакаме да ја предупредиме владата, дека во оваа незапаметена економска криза и рекордна сиромаштија, поскапувањето на струјата ќе биде огромен удар по џебот на граѓаните, но и генератор на нова инфлација и поскапување на производите кај компаниите.

Неприфатливо е зголемениот увоз на струја поради намаленото домашно производство и зголемените трошоци во производството на ЕЛЕМ, трошоците за рекламни кампањи на државните ЕЛЕМ и МЕПСО од кои некои надминуваат и милион евра, загубите заради несовесното работење, да бидат основа за барање на ново поскапување на струјата. За потсетување, во последните 6 години струјата двојно поскапи, а зголемените приходи од тоа поскапување не се вложуваат во нови производни капацитети.

Директорите на ЕЛЕМ и МЕПСО ги фрлаат зголемените приходи за непродуктивни кампањи, генералните директори се возат во возила што чинат над 100 илјади евра, и се позајмуваат пари на приватни акционерски друштва. Наместо сето ова, ЕЛЕМ и МЕПСО треба да се насочат кон подобрување на перформансите на своите компании, да спроведат проекти за штедење и со тоа да го спречат поскапувањето на струјата.“, рече Тунески.

 

Би можело да ве интересира

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство