Медиумската компанија „Њујорк Тајмс“ му го продаде весникот „Бостон Глоуб“ на американскиот милијардер Џон Хенри за 70 милиони долари.
Освен тоа, Хенри ќе стане сопственик и на интернет страницата на весникот, локалното издание за градот Вустер во Масачусетс, маркетиншката фирма „Глоуб Дајрект“ и пакет акциите во компанијата „Метро Бостон“.
„Њујорк Тајмс“ го презеде „Бостон Глоуб“ во 1993 година за 1,1 милијарда долари, што во тоа време претставуваше најголема трансакција во историјата на американските медиуми. Меѓутоа, со текот на времето весникот значајно загуби на популарноста и поради тоа е понуден на продажба.
„Бостон Глоуб“ во 1873 година го основало семејството Тејлор, во чија сопственост бил до пред 20 години.
Џон Хенри во последните 10 години е активен во локалниот спорт, а неговата компанија „Фенвеј Спортс Груп“ е сопственик на популарниот бејзбол клуб „Ред Сокс“, стадионот Финвеј парк и 80 отсто од кабловската мрежа Њу Ингланд Спортс Нетворк, како и на фудбалскиот клуб Ливерпул во англиската Премиер лига.