Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно го повика НАТО да воспостави зона на забранети летови над неговата земја, предупредувајќи дека во спротивно руски ракети би можеле да паднат врз земјите-членки.
„Ако не го затворите нашето небо, прашање на време е кога руските ракети ќе почнат да паѓаат на вашата територија, на територијата на НАТО“, рече Зеленски.
Вчера руските сили ја ракетираа воената база Јаворив, лоцирана во близина на границата со Полска. Базата вообичаено се користела за обука и заеднички вежби на украинската војска и нејзините партнери од НАТО.
Во нападот загинаа 35 луѓе, а повредени со над 130.