„Гардијан“: Водечки светски телекомуникациски компании и доставуваат податоци на британската разузнавачка агенција

Од:

Некои од најголемите телекомуникациски компании во светот на британската разузнавачка агенција ГЦХК тајно и доставуваат детали за телефонските разговори, електронските писма и профилите на „Фејсбук“ на нивните корисници, тврди лондонскиот весник „Гардијан“.


Според весникот, во документите што ги обелодени поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден може да се види дека „Бритиш Телеком“ (БТ), „Водафон“, американскиот „Верајзон“ и уште четири телекомуникациски провајдери и дозволуваат на ГЦХК тајно и неограничено да пристапува во нивните мрежи преку кои се пренесуваат телефонските разговори и интернет сообраќајот.


„Гардијан“ во јуни објави дека ГЦХК има тајна програма наречена „Темпора“, преку која ги следи телефонските и интернет комуникациите. Според бесникот, оваа програма на ГЦХК функционира „веќе 20 месеци“.

Би можело да ве интересира

Познат идентитетот на напаѓачот на пазарот: Газеше луѓе 400 метри

Предраг Петровиќ

Шефот на украинската армија нареди повлекување

(ВИДЕО) Неуспешен обид за импичмент на претседателот: Врие во Јужна Кореја

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Судирите продолжуваат во Грузија, уапсени демонтранти

Предраг Петровиќ

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Десничарската АФД за првпат избира кандидат за канцелар