Десничарската АФД за првпат избира кандидат за канцелар

Од:

Германската десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД) денеска ќе го номинира својот прв кандидат за канцелар во својата 11-годишна историја, пред предвремените избори закажани за февруари.

Како кандидат за канцелар се очекува да биде именувана една од водечките фигури на партијата, Алиса Вајдел, пренесува Ројтерс.

АфД, која во моментов е втора по бројот на гласови во анкетите – веднаш зад конзервативците, но пред Социјалдемократската партија – се обидува да се претстави како сериозна политичка сила, а не само како „партија на протестот“, посочува агенцијата.

Оваа партија се залага за драстично намалување на имиграцијата, крај на испораката на оружје за Украина, обновување на односите со Русија и евентуално излегување од Европската унија. АфД неодамна оствари изборни придобивки, вклучително и победи на изборите во некои држави, а нејзиното членство порасна за 50 отсто во изминатата година.

Сепак, малку е веројатно дека АФД би можела да стане дел од владејачката коалиција во блиска иднина, имајќи предвид дека другите партии ја отфрлија можноста за соработка со таа партија, забележува агенцијата.

Екстремно десничарските партии привлекуваат гласачи низ Европа во последниве години, доаѓајќи на власт во Италија, Шведска, Холандија и Финска, заклучува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море

Русите на седум километри од Дњепропетровската област, населението известено за заканата

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Лос Анџелес: Бројот на загинати во пожарите се искачи на 16, доаѓаат нови проблеми

ВИДЕО: Нов напад на Русија

Предраг Петровиќ

Фицо го навреди Зеленски, но ја пофали Русија: Оди наоколу и моли, Русите никогаш не не излажале

Предраг Петровиќ