Привремениот египетски потпретседател Мохамед ел Барадеј повика не прекин на насилството во Египет и на преговори со исламистичката организација Муслиманско братство и со другите поддржувачи на сменетиот преседател Мохамед Морси.
– Она што прво треба да го направиеме, се разбира, е да го запреме насилството. Веднаш потоа треба да започнеме дијалог за да видиме дали Муслиманското братво сфаќа дека Морси не успеа, изјави добитникот на Нобеловата награда за мир и поранешен генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во интервју за весникот „Вашингон пост“.
Барадеј оцени дека Муслиманското братство не треба да биде исклучено од политичкиот процес во Египет, туку дека треба да учествува во измените на Уставот и на парламентраните и претседателските избори.
Ваквата изјава на Ел Барадеј уследи само ден откако американскиот државен секретар Џон Кери јавно го поддржа сменувањето на Морси од власт од страна на армијата, оценувајќи ја таквата постапка како мерка за „возобновување на демократијата по барање на милиони лица“.