ОН: Голема е веројатноста Русите да користат касетни бомби во населени области

Од:

Канцеларијата за човекови права при ОН соопшти дека има „веродостојни извештаи“ кои покажуваат дека руската војска постојано користела незаконски забранети касетни бомби во населените области на Украина, нагласувајќи дека оваа практика се смета за воено злосторство.

Агенцијата на ОН има десетици свои набљудувачи во Украина, а повеќе треба да пристигнат кога ќе почне со работа комисијата формирана од Советот заради истрага на можни воени злосторства. Засега е потврдена смртта на на најмалку 549 цивили од руската инвазија на Украина на 24 февруари. ОН велат дека вистинската бројка е веројатно поголема.

– Употребата на касетна муниција во населените области поради нејзиниот широк опсег не е во согласност со принципите на меѓународното хуманитарно право за водење конфликти, изјави за новинарите во Женева портпаролката на Канцеларијата на ОН за човекови права, Лиз Тросел.

– Ги потсетуваме руските власти дека нападите врз цивили и цивилни објекти, како и таканаречените области за бомбардирање лоцирани во села и градови, и други форми на случајни, недискриминирачки напади се забранети со меѓународното право и може да претставуваат воени злосторства, рече Тросел. .

Касетната бомба содржи мноштво помали експлозивни полнења со сопствени запалки. Русија не е потписник на Конвенцијата за забрана на касетна муниција од 2008 година, иако е обврзана со меѓународното хуманитарно право, особено кога станува збор за забрана на неселектирани напади.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски