Швајцарија, верна на својата доктрина за воена неутралност, одлучи да забрани прелетувањето над нејзината територија на сите оние кои сакаат да им дадат воена поддршка на завојуваните страни во Украина, јави дописникот на МИА.
-Во врска со руската агресија врз Украина, Федералниот совет одлучи (…) дека барањата за прелети над швајцарска територија од страните во конфликтот и други држави со цел да се обезбеди воена поддршка на страните во конфликтот, особено преку испораката на воен материјал нема да биде прифатена“, се вели во соопштението на владата.
Оваа одлука не се однесува на прелетување на воени авиони на страните во конфликтот или на други држави за хуманитарни или медицински цели, вклучително и воздушно префрлање на повредените. Според законот за неутралност, Швајцарија не може да учествува во војна меѓу други држави.
Извор: МИА