Николај Младенов нов специјален пратеник на ОН за Ирак

Од:

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун синоќа го именуваше поранешниот бугарски министер за надворешни работи Николај Младенов за свој специјален пратеник за Ирак, во услови кога безбедносната состојба во оваа блискоисточна земја е влошена по серијата бомбашки напади на сунитските бунтовници.

Младенов, кој беше шеф на бугарската дипломатија од 2010 до 20113 година, на новата функција ќе го наследи германскиот дипломат Мартин Коблер, кој е именуван за специјален пратеник на Бан за Демократска Република Конго.

Бан пред неколку дена изрази вознемиреност поради порастот на насилството во Ирак и апалираше од ирачките лидери да „ја извлечат земјата од работ“ и да „не им остават простор на оние кои планираат да го искористат политичкиот застој за насилство и терор“.

Во верски мотивираните напади во Ирак во текот на јули загинаа најмалку 1.000 лица, што е најголем месечен биланс на жртви во земјата од 2008 година.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак