Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди денеска централните делови на Јапонија.
Според јапонската Национална метеоролошка агенција, епицентарот на потресот бил во префектурата Шиѕука, а неговиот хипоцентар на 40 километри под површината на земјата.
Нема информации за жртви или предизвикани материјални штети, а не е прогласена ниту можна опасност од појава на цунами.
Земјотресот бил почиствуван во 14 префектури во централниот дел на островот Хоншу, вклучително и во реонот на Токио.