Ќе поскапи приватизацијата на земјиштето, случајот спроти „Нова Македонија“ ќе биде последен

Од:

Случајот со приватизација на државното земјиште спроти поранешна НИП „Нова Македонија“ ќе биде последен по цена од седум евра за квадратен метар, уверуваат од Владата. Цената ќе се менува, но нема најава дека ќе се преиспитува зошто е дозволена приватизација на земјиштето на компанијата „ЗСФ – ком“ која станала сопственик на објект на соседната парцела за која платила легализација.

Од Владата денес испратија одговори на дел од прашањата на „А1он“ за приватизацијата на земјиштето.

„Во врска со објавените информации, Министерството за финансии направи проверки и е констатирано дека не се работи за продажба туку за постапка за приватизација според Закон за приватизација. За ова одлучува Управата за имотно – правни работи како самостоен орган. Станува збор за градежна парцела од 2014 година за која имало постапки од 2018 и 2019 година кога барателот стекнал сопственост на објектот. Согласно уредбата на владата од 2011 во истиот закон, утврдена е цена од 7 евра за метар квадратен, што е дискутабилна вредност на државно земјиште и уредбата наскоро ќе се смени. Со тоа, повеќе нема да има случаи како последниот“ , велат од Влада за „А1он“.

Министерството за финансии и денес не одговара на прашањата на кој начин е дозволено компанијата „ЗСФ – ком“ да приватизира државно земјиште по цена од седум евра за квадрат за изградба на објекти кои не се од јавен интерес туку исклучиво во интерес на компанијата чиј сопственик е бизнисменот Фатмир Етеми, поранешен пратеник во Собранието од Партијата за демократски просперитет на Албанците во Македонија – Народна демократска партија.

Бизнисменот Етеми за „А1он“ вчера изјави дека приватизацијата не ја направил сам, туку му ја одобрило Министерството за финансии и во постапката, според него, нема ништо спорно. Иако имотот го приватизирал, а дел откупил од сопствениците и може да почне да гради тој вели дека нема да ги гради предвидените хотел и зграда за домување од приземје шест ката и потпокрив. Смета дека е неисплатливо за него како бизнисмен да гради заграда и хотел до планираниот кружен тек, а неисплатливо е и за општината оти комуналиите за хотел се неспоредливо пониски од оние за деловна зграда. Поднел барање на местото на предвидените хотел и зграда со спојување на маркичките да се предвиди деловна зграда од петнаесет ката, но со намалена површина во основата.

Во Општина Центар тече постапката по неговото барање и од таму засега не можат да кажат дали ќе го прифатат.

Би можело да ве интересира

Левица: Почнува изградбата на спорната 17-катница во непосредна близина на болницата „8 септември“

Катерина Ѓуровски

Антикорупциска ќе бара криминал во приватизацијата на парцелата спроти „Нова Македонија“

Ковачевски и Бесими молчат за скандалозната приватизација на земјиштето спроти „Нова Македонија“, Етеми бара изградба на петнаесеткатница

Маја Илиевска-Пачемска