Македонскиот тенисер Томислав Јотовски денеска против домашниот Дејан Катиќ од Србија ќе се бори за влез во финалето на фјучрс турнирот во Сомбор.
Пласманот на Јотовски во полуфиналето е негов најдобар пласман и откако ќе му бидат впишани поените ќе го подобри местото на АТП ранкинг листата.
Неговиот денешен противник се наоѓа на 1.267 место на АТП листата, додека Јотовски е на 1.106 место.
Во второто полуфинале играат Ѓерѓели Мадарж од Унгарија и Марко Тепавац од Србија.