Изборот на Викторија Нуланд за државен потсекретар блокиран во Сенатот на САД

Од:

Американскиот Сенат денес не гласаше за номинацијата на Викторија Нуланд за заменик државен секретар за европски прашања.

Иако изборот на Нуланд беше одобрен од Комисијата за надворешни работи, денешниот застој во Сенатот најавува дека е можна блокада на номинацијата.

Сенатот без проблем прифати низа други номинации, како онаа на генерал Даглас Лут, кој е новиот амбасадор на САД во НАТО, на Дејвид Пирс кој ќе ги претставува САД во Атина и на Саманта Пауер за посотјан претставник во Обединетите нации. Но, името на Нуланд го нема на денешната листа на избрани функционери.

Можна причина за ова е скандалот околу ланскиот напад врз американскиот конзулат во Бенгази, кога Нуланд, тогаш портпарол на Стејт департментот, беше обвинета дека сакала да сокрие податоци за нападот од членовите на Конгресот, за да спречи да бидат употребени за критика на државениот секретар Хилари Клинтон.

Администрацијата на САД првично нападот во кој беше убиен амбасадорот Кристофер Стивенс го оцени како реакција на снимка навредлива за муслиманите, за потоа да признае дека се работело за организиран исламистички напад за кој САД не биле подготвени.

Американските сенатори имаат право, дури и анонимно, да го запрат именувањето на функционер за кого имаат одредени забелешки. Поголем број опозициски сенатори остро ја критикуваа номинацијата на Нуланд, а еден од водечките републикански сенатори Марко Рубио дури гласаше и против неа.

Од друга страна, Нуланд доби голема поддршка во Комисијата за надворешни работи и од долга листа на истакнати сегашни и поранешни дипломати.

Нуланд беше амбасадор на САД во НАТО за време на Самитот во Букурешт во 2008 година кога беше блокиран приемот на Македонија во Алијансата. Доколку биде избрана на новата функција, во нејзина ќе бидат и односите на САД со Македонија.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски