Терористичката мрежа Ал Каеда во текот на месец август планира да изврши терористички напад на Блискиот Истаок или во северна Африка, соопшти денеска американскиот Стејт Департмент.
Во соопштението се предупредуваат американските државјани дека постои опасност од напад „посебно на Блискиот Исток и во северот од Африка и на Арабискиот Полуостров“.
– Информациите говорат дека Ал Каеда и организации блиски до неа планираат терористички акции во регионот и пошироко и дека ќе се обидат де ги изведат од сега, па до крајот на август, нагласува Стејт Департментот во соопштението, додавајќи дека цел на напад би можеле да бидат јавниот транспорт или друг објекти поврзани со туристичката инфраструктура.
Ваквото предупредување следи откако синоќа Стејт департменто најави дека поради безбедносни причини повеќе американски амбасади во муслиманските земји ќе бидат затворени в недела. Недела е работен ден во муслиманските земји.
Како што најави Стејт департментот, ќе бидат затворени амбасадите во Аби Даби, Багдад и Каиро, како и неколку конзулати. Според портпаролката на Стејт департментот, Мари Харф овие мерки ќе бидат презмени поради „загриженост за безбедноста на дипломатскиот персонал“.
Телевизијата Си-Ен-Ен јави дека ќе бидат затворени и амбасадите на САД во Бахреин, Израел, Јордан, Кувајт, Либија, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Јемен, Авганистан и Бангладеш.
Американските дипломатско-конзуларни претставништва се наоѓаат под засилени мерки на безбедност по минатогодишниот напад врз Конзулатот во Бенгази, во кој беше убиен амбасадорот на САД во Либија, Крис Стивенс и уште тројца американски дипломати.