Рикер со проширен мандат во Стејт департментот

Од:

Во американскиот Стејт департмент се изврешни промени со кои заменик помошникот државен секретар Филип Рикер доби значително проширен мандат.

Рикер, кој до сега беше задолжен за балкански држави, без Бугарија, Романија, Грција и Турција, а во иднина под негова надлежност ќе бидат и средноевропските држави – Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Австрија, Бугарија, Романија, Словенија, Швајцарија и Лихтенштајн.

Рикер воедно ќе биде задолжен и за канцеларијата на специјалниот пратеник за прашања поврзани со Холокаустот.

Во изминатиот период, главен ангажман на Канцеларијата за јужно-централните европски прашања, која работи под надзор на Рикер, беше поддршка на Европската Унија за постигнување на договорот меѓу Србија и Косово, за членството на Хрватска во ЕУ и за обезбедување на мирно предавање на власта во Албанија по неодамнешните избори.

Повеќе медиуми од Балканот неодамна најавија можно заминување на Рикер од оваа функција во мисијата во италијанскиот град Милано, кој го покрива индустрискиот центар на Италија и големите американски воени бази Авијано и Виченца.

Засега Рикер, кој е како поранешен амбасадор на САД во Македонија, но и советник за односи со јавноста во Американската амбасада во Скопје и за време на косовскиот конфликт, останува на должноста во Вашингтон и тоа со значително зголемени овластувања.

Со проширувањето на мандатот, се очекува низа на други прашања од областа на безбедноста и трговијата меѓу САД и Европската Унија да бидат додадени на неговата агенда.

Би можело да ве интересира

Мишел: Европа е подготвена да соработува со САД за поддршка на Украина

САД: Јавните обвинители побараа мирен трансфер на власта

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Израел мора веднаш да се справи со „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Газа

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди САД

Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје