Француската филијала на РТ (екс-Русија денес) покрена тужба пред европската правда за укинување на забраната за емитување наметната од ЕУ како дел од санкциите против Русија, објави Судот на правдата на ЕУ, јави дописникот на МИА.
Обвинети дека се инструменти на Москва за „дезинформации“ во војната против Украина, руските државни медиуми РТ и Спутник се забранети од Европската унија, а забраната за емитување на телевизија и на интернет стапи на сила на 2 март.
РТ пред европскиот суд на правдата во Луксембург, бара итно испитување на случајот (во скратена постапка), што може да потрае неколку недели доколку ова барање се смета за прифатливо, соопшти СПЕУ.
Основаноста на случајот треба да му одземе неколку месеци. Од суспензијата на РТ во Германија на крајот на 2021 година, Франција е единствената земја-членка на ЕУ што е домаќин на подружница на РТ на нејзина територија. Претседателката на РТ Франција, Ксенија Федорова, на 4 март ја опиша оваа забрана како „голема опасност за слободата на изразување“.
Извор: МИА