Ле Мер: Светот се движи кон нафтениот шок од 1973 година

Од:

Зголемувањето на цените на енергијата предизвикано од руската војна во Украина ќе произведе ефекти споредливи со нафтениот шок од 1973 година, предупреди денеска францускиот министер за економија Бруно Ле Мер.

Сегашната енергетска криза е „споредлива по интензитет, по бруталност, со нафтениот шок од 1973 година“, нагласи Ле Мер на конференција во Париз.

„Во 1973 година, како што знаете, одговорот предизвика инфлациски шок, што ги доведе централните банки масовно да ги зголемат своите стапки, што го уништи растот“, додаде Ле Мер.

„Ова има име: стагфлација, и тоа е токму она што сакаме да го избегнеме во 2022 година“. Првиот нафтен шок во раните 1970-ти беше предизвикан од Јомкипурската војна кога египетските и сириските сили започнаа офанзива против Израел.

Шест арапски членки на нафтениот картел на ОПЕК прогласија ембарго на извозот во земјите кои го поддржуваат Израел, особено САД. Тие ја зголемија цената на нафтата за четирипати на 11,65 долари за барел, предизвикувајќи рецесија во западните земји и голема инфлација. Европската големопродажба на гас и сурова нафта се зголеми до рекордни или речиси рекордни цени оваа недела поради стравувањата за снабдување поврзани со руската инвазија на Украина на 24 февруари.

САД и Велика Британија вчера објавија дека го прекинуваат увозот на руската енергија како одговор на војната, што предизвика нов пораст на цените. Цената на нафтата од типот „брент“, меѓународниот репер, утрово се зголеми на речиси 130 долари за барел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот