Пентагон проценува дека во Украина загинале од 2.000 до 4.000 руски војници

Од:

Американските власти денеска проценија дека меѓу 2.000 и 4.000 руски војници загинале во Украина од почетокот на руската инвазија, но и оти рускиот претседател Владимир Путин би можел да ги засили нападите и покрај воените неуспеси и економските проблеми што произлегуваат од меѓународните санкции.

Во обраќање пред конгресна комисија, генерал-полковник Скот Бериер, директор на Одбранбената разузнавачка агенција, рече дека оваа груба проценка за бројот на загинати руски војници треба да се земе со претпазливост бидејќи се заснова на повеќе извори. Руското Министерство за одбрана на 2 март соопшти дека 498 руски војници биле убиени во Украина.

– Нашите аналитичари проценуваат дека неуспесите на Путин веројатно нема да го одвратат и оти наместо тоа ќе има ескалација, рече Аврил Хејнс, директорка на Националната разузнавачка служба. Со толку високи тензии, секогаш постои потенцијал за „непланирана ескалација“, додаде Хејнс во истото обраќање пред конгресната комисија.

Хејнс рече дека разузнавачките аналитичари не забележале промени во нуклеарната позиција на Русија, освен она што беше забележано за време на претходните меѓународни кризи.

Вилијам Брнс, директор на Централната разузнавачка агенција, исто така, ја потврди оценката на Аврил Хејнс дека Русија најверојатно нема да се повлече.

– Мислам дека Путин сега е лут и фрустриран. Веројатно ќе вложи повеќе напори за да ја скрши украинската армија со малку обѕир кон цивилни жртви, рече Барнс и додаде дека САД споделиле „значајни разузнавачки информации“ со Украина.

Барнс рече дека тој и аналитичарите на ЦИА не гледаат како Путин може да ја постигне целта да го заземе Киев и да ја собори владата на претседателот Владимир Зеленски со „промосковска марионетска власт“.

– Не гледам како може да постигне таква цел и каде води тоа. Верувам дека ќе ги удвои своите влогови во следните неколку грди недели … со малку обѕир кон цивилните жртви, рече Барнс.

Тој сепак нагласи дека е „апсолутно убеден“ оти Украинците ќе продолжат да пружаат отпор „ефективно и решително“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски