Протест на грчки државни службеници пред влезот на Акропол

Од:

Грчки државни службеници се собраа денеска пред влезот на Акропол, во знак на протест поради владините планови во текот на овој месец да бидат укинати 500 работни места во Министерството за култура на Грција.


Демонстраните само протестираа пред влезот на Акропол, но не ги попречуваа посетителите да влезат во овој историски комплекс во Атина.


Паралелно со ова, друга група државни службеници одржаа протестен марш низ центарот на Атина.


Во знак на протест денеска не работеа и повеќе музеи ширум Грција, меѓу кои и популарниот Археолошки музеј на островот Санторини.


Грачката Влада презеде обврска до крајот на годината времено да го намали бројот на вработени во јавниот сектор за 25.000 лица.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија