Комшиќ: ЕУ итно да одобри кандидатски статус на БиХ

Од:

Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ денеска побара од лидерите на Европска Унија итно да и одобри на БиХ кандидатски статус за членство во ЕУ.

– Слободен сум да Ве замолам да ја разгледате можноста за доделување кандидатски статус на БиХ во рамките на институциите на ЕУ, наведува Комшиќ во писмото испратено до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи.и безбедноста на Жозеп Борел и европскиот комесар за соседска политика и проширување Оливер Вархеји.

БиХ поднесе барање за одобрување на кандидатски статус за членство во ЕУ во 2016 година, а ЕК во 2019 година состави листа од 14 приоритети кои треба да се исполнат за да се одговори позитивно на ова барање. Но, властите на БиХ оттогаш ништо не направија.

Во писмото Комшиќ истакнува дека сите во БиХ се свесни за проблемот, но оти околностите значително се промениле по руската агресија врз Украина, така што ЕУ сега треба да ги разгледа претходните барања за БиХ, особено затоа што земјата покажала подготвеност да ја усогласи своите надворешната политика со онаа на ЕУ во однос на Русија.

– Со доделувањето на кандидатски статус на БиХ ќе создаде нов амбиент и тоа ќе биде уште една потврда за неделивоста и суверенитетот на мојата земја, а потоа сигурно ќе има голем број позитивни ефекти врз севкупната безбедност и стабилност на БиХ, а со тоа и на целиот Западен Балкан, потенцира Комшиќ.

Покрај Косово, БиХ е единствената земја од Западен Балкан која се уште нема статус на кандидат за членство во ЕУ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија