Кулеба: Меѓународните компании да ја напуштат Русија

Од:

Шефот на украинската дипломатија, Дмитриј Кулеба, денеска ги повика меѓународните компании да го замрзнат или прекинат деловното работење во Русија.

Во писмото што го објави на Твитер, украинскиот министер за надворешни работи ги повика компаниите и организациите да се приклучат на „етички и општествено одговорниот глобален бизнис“, што веќе го суспендираше или суспендира бизнисот со или во Руската Федерација, одбивајќи да го финансира руското насилство со даноци, убиства и злосторства против човештвото“, пренесе Гардијан.

Кулеба во писмото наведува дека „откако Украина победи во оваа војна“, ќе почне со обнова на инфраструктурата и економијата, продолжувајќи го патот на реформи со цел да стане полноправна членка на Европската унија.

Тој побара од странските компании да изразат солидарност со Украина и да им се придружат на другите мултинационални компании, што веќе изразија подготвеност да почнат или да продолжат да работат во оваа земја.

Гардијан потсетува дека многу компании, од „Епл“ до „Зара“, соопшштија дека го запираат или прават паузира со бизнисот во Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот