Нови седечки протести на приврзаниците на Морси во Каиро

Од:

Илјадници приврзаници на сменетиот египетски претседател Мохамед Морси се собраа денеска на нови протести со седење на два плоштади во Каиро, барајќи негово враќање на претседателската функција.


Седечките протести продолжија и покрај наредбата на полицијата за нивно прекинување.


– Дури и ако пучисите употребат тешко оружје против нас, нашиот молк ќе биде посилен од нивното тешко оружје, изјави, еден од лидерите на Муслиманското братство, Мохамед Бадија.


Тој повика на масовни протести преку кои „ќе се осуди соборувањето“ на Морси од страна на армијата. – Ги повикувам сите Египќани да ја продолжат борбата за слобода и правда, нагласи Бадија.


Меѓународните организации за човекови права предупредија дека еветуалната употреба на сила од страна на полицијата за рестерување на демонстрантите кои седејќи мирно протестираат, „најверојатно ќе предизвика многу жртви“.


Во протести и судири меѓу приврзаници и противници на Морси, од неговата смена од власта на 3 јули, па досега, загинаа над 200 лица, од кои најголемиот број поддржувачи на исламистичкото движење Муслиманско бртатство.


Смента на Морси од страна на Армија, уследи по масовните протести на неколку милиони граѓани ширум Египет со кои се бараше негова оставка и одржување нови избори. Ваквата реакција на Армијата, американскиот државен секретар Цон кери ја оцени како мерка за „возобновување на демократијата по барање на милиони лица“.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро