А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Влада: Со одговорен пристап стабилно менаџирање на кризата

by А1он07/03/2022 - 21:27227
Share0

Во Владата на Република Македонија се одржа состанок со членовите на Економскиот совет во кој учествуваат претставници од академијата, гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, претставници на стопанските комори, одделни претставници на поголемите компании од земјата, на синдикалните организации и други експерти од економскиот и финансискиот сектор.

Следете a1on на Instagram Instagram

На состанокот, со кој претседаваше премиерот Димитар Ковачевски се разговараше за актуелната економска состојба во време на воената состојба во Украина, за сериозните ризици и последици кои таа ги предизвикува и за нејзиното влијание и врз енергетската криза.

На советот беше потврдена заложбата и важноста од носење на мерки за поддршка на граѓаните и стопанството во време на криза. Беа разменети мислења, сугестии, предлози околу потребните мерки што како државна помош треба да бидат земени предвид при креирањето на политиките за ублажување на последиците од најдлабоката криза во современата историја.

Во тек е подготовка на анализата и можните нови мерки кои треба да се најдат во најскоро време на владина седница. На состанокот се разговараше за таргетирани мерки со буџетска поддршка за стопанството со цел задржување на ликвидноста и работните места и за мерки за ранливите категории за ублажување на ценовните шокови.

Следете a1on на Youtube YouTube

Владата во изминатиот период донесе низа мерки и обезбеди раст на платите, пензиите како и финансиска поддршка за компаниите. Со преземањето на БЕГ се овозможи континуирано обезбедување топлинска енергија за полесно надминување на предизвиците од економската криза. Ваквите политики дадоа резултат и превенираa посериозни ценовни шокови и со исти политики на одговорно владеење Владата продолжува и понатаму.

vlada

Би можело да ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски31/05/2026 - 14:0131/05/2026 - 16:20

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Горан Наумовски30/05/2026 - 13:16

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски27/05/2026 - 21:2827/05/2026 - 21:33

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Горан Наумовски26/05/2026 - 10:25

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски12/05/2026 - 19:2412/05/2026 - 19:26

Именувана е новата унгарска влада

Горан Наумовски12/05/2026 - 17:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто