Израел соопшти дека во март 2021. соборил два ирански дрона, а во мај уште еден

Од:

Израелската армија денеска соопшти дека стелт-борбени авиони „Ф-35“ пред една година собориле две ирански беспилотни летала. Деталите за овој инцидент досега беа под ембарго, но ниту сега не е кажано во кои земји тоа се случило.

Израелски воен функционер на брифинг кажа за тоа што се случило во март 2021 година, но одби да каже каде биле пресретнати беспилотните летала и дали тие земји и дале дозвола на израелската армија да го користи нивниот воздушен простор.

Како што се наведува, беспилотните летала биле пресретнати во регионалниот воздушен простор, уште пред да пристигнат во Израел.

Израел тврди дека Иран и нивните сојузници во регионот развиваат и тестираат беспилотни летала со долг дострел што можат да транспортираат муниција, да собираат разузнавачки информации и да вршат напади.

Беспилотните летала, што биле соборени во март минатата година, наводно имало пиштоли и експлозиви, наменети за Западниот Брег и Појасот Газа.

Третиот ирански дрон бил лансиран од Ирак, во мај 2021 година, за време на војната во Појасот Газа и тој бил соборен откако влегол во израелскиот воздушен простор.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел повторно нападна бегалски камп во Газа, има мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски