Голем број возачи на камиони во САД кои се против воведените антиковид мерки возеа два круга на обиколницата во Вашингтон, намерно движејќи се бавно за да го забават сообраќајот и да го привлечат вниманието на американските конгресмени во Капитол Хил.
На надвозниците се собраа луѓе кои го поздравуваа „народниот конвој“ и носеа транспаренти и американски знамиња.
Протестниот конвој на автопатот Хагерстаун следеше по слични протести на возачи на камиони во Канада поради обврската да се вакцинираат за да ја преминат границата.
Весникот „Вашингтон пост“ пишува дека организаторите имаат намера следната недела да организираат протести секој ден.
Извор: МИА