Полни сместувачките капацитети во Дојран

Од:

Дојран по традиција главната туристичка сезона ја има во периодот на одбележување на големиот празник „Илинден“.

За прославата на 110 години од Илинденското востание и 69 години од Првото заседание на АСНОМ, најголемиот дел од туристите во Дојран пристигнаа вчера, за да ги проследат бројните, пред се, културни настани.

Од туристичкото биро потврдија дека сместувачките капацитети во приватниот сектор се полни, а слободни места може да се најдат само во комерцијалните објекти.
Богатата културно-уметничка програма што ја најави градоначалникот Борче Стамов, ќе почне денеска претпладне во просториите на Музејот од Првата светска војна со изложба на слики во организација на Шведската амбасада во нашата земја, а ќе продолжи на пладне со пиротехнички ефекти кои припадниците на АРМ ќе ги изведат на Дојранскиот фронт.

Програмата, како што е најавено, ќе заврши вечер со спектакуларен концерт на српската естрадна ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, што ќе се одржи на стадионот „Истатов“ во Нов Дојран.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

Изгаснат е пожарот кај Стар Дојран

Горан Наумовски

Ветрот не дозволува да се стави под контрола пожарот кај Стар Дојран

Пожарот во Дојран брзо се шири, градоначалникот бара помош и вели веројатно е подметнат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пожар во Дојран: зафатени три куќи, се евакура населението

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Поради пожарот на Богородица/Евзони, возилата се пренасочуваат на Дојран

Катерина Ѓуровски